Одѕивот на изборите во Штип до 17 часот е 28,01 отсто, во Пласница 38,11 проценти

232

Одзивот на гласачи за предвремените избори за градоначалник  до 17 попладне  во Општина Штип изнесува 28,01 отсто, односно гласале 11 701 гласач,  додека во Општина Пласница гласале 1.888 избирачи,  што е 38,11 проценти од избирачите со право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

До овој момент до ДИК, соопштуваат оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.






Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницатаwww.lokalni2020.sec.mk .

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година. На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Во СВР Штип претпладне во 10,25 часот е пријавено од член на Избирачки одбор дека на гласачкото место 2276 лоцирано во штиспката  детската градинка „Вера Циривири Трена“ лица на возраст од 72 и 67 години гласале на посоченото гласачкото место иако биле позитивни и биле во списокот за изолација од ковид-19. На списокот за изолација се од вчера, 12 декември 2020.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова  изјави дека е известен јавен обвинител по чија насока по комплитирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што информира претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева процесот на гласање на гласачкото место не бил прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција

Поврзани содржини