Од идната недела се зголемуваат тестирањата, стигнати се и вакцините за сезонски грип
Тој рече дека се стигнати сите вакцини за грип, за време на викендот ќе се направи дистрибуција, спремни се пунктовите и вакцинацијата ќе почне од вторник.
Министерот Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека ќе биде зголемен капацитетот на тестирање од идната недела за плус 500 на територијата на Скопје.
– Есенскиот бран освен во болниците, го зголеми притисокот кон пунктовите на тестирање. Ние веќе го зголемивме капацитетот, во моментов на располагање има три илјади тестови дневно, и сега ги вклучивме брзите тестови. Отвораме дополнителни шест пункта од понеделник, што ќе значи дополнителни 500 термини почнувајќи од понеделник. Станува збор за тестови само за градот Скопје – рече Филипче.
Тој рече дека се стигнати сите вакцини за грип, за време на викендот ќе се направи дистрибуција, спремни се пунктовите и вакцинацијата ќе почне од вторник.