🎥 ОД ХАНА МОНТАНА ДО СЕКСАПИЛНА ПРОВОКАТОРКА Неверојатната трансформација на Мајли Сајрус
Во 2006 година, светот полуде по Мајли Стјуарт, обична девојка која ноќе ставаше русокоса перика и стана музичката сензација Хана Монтана.
Дваесет години откако светот ја запозна како слатка тинејџерка со таен живот на поп-ѕвезда, Хана Монтана се враќа.
Disney+ објави специјал за одбележување на големиот јубилеј, а со него, во прегратките на фабриката за соништа, се враќа нејзината „избегана ќерка“, Мајли Сајрус (33).
Но, патот од миленичка на Дизни до глобална суперѕвезда беше поплочен со скандали кои го уриваа интернетот, ги згрозуваа родителите и еднаш засекогаш ја закопаа сликата на невината девојка од Тенеси.
Во 2006 година, светот полуде по Мајли Стјуарт, обична девојка која ноќе ставаше русокоса перика и стана музичката сензација Хана Монтана.
Серијата стана глобален феномен, а Мајли Сајрус најпознатата тинејџерка на планетата. Сепак, идилата не траеше долго.
Таа сними фотосесија со легендарната Ени Лејбовиц за списанието Vanity Fair, а насловната страница, каде што позира завиткана само во свилен чаршаф, оставајќи впечаток дека е топлес, предизвика морална паника.
Дизни тврдеше дека била „изманипулирана“, а младата ѕвезда мораше јавно да се извини. Пет дена по нејзиниот осумнаесетти роденден, протече видео на кое Мајли пуши од бонго. Иако стануваше збор за легалната билка салвија, а не за марихуана, штетата беше направена.
Нејзиниот имиџ на „добра девојка“ беше уништен, а таа изгуби профитабилен договор со Волмарт поради видеото.
Во 2012 година, таа му купи на својот тогашен вереник Лиам Хемсворт торта во облик на пенис за неговиот роденден, а фотографиите на кои таа ја лиже станаа вирални и ја чинеа гласовна улога во анимираниот филм „Хотел Трансилванија“.
Нејзиниот приватен живот беше подеднакво турбулентен. Десетгодишната врска со актерот Лиам Хемсворт, обележана со раскинувања и помирувања, кулминираше со брак кој траеше само осум месеци.
Следеа кратки, но медиумски многу просчедувани врски, а пејачката се декларираше за пансексуална личност. Покрај љубовните проблеми, медиумите ги полнеа и семејните караници, особено по болниот развод на нејзините родители, кантри ѕвездите Били Реј и Тиш Сајрус, кои го подели семејството.
Сега, Мајли Сајрус се враќа во улогата што дефинираше една генерација.
Во трејлерот за специјалот за 20-годишнината од Хана Монтана, Мајли се појавува како легендарната поп-ѕвезда со нејзините препознатливи шишки и тој стар шарм на Хана што сите го паметиме.
Специјалот за 20-годишнината од Хана Монтана пристигнува на 24 март на Disney+.
View this post on Instagram