ОД ДЕТОКСИКЦИЈА ДО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛИБИДОТО За максимален ефект, консумирајте сурово цвекло
Во народната медицина цвеклото се користи за лекување на анемија, спречување на воспаленија, намалување на крвниот притисок, заштита од тумори, зајакнување на имунитетот и структурата на коските и зајакнување на видот и либидото.
Цвеклото (Beta vulgaris) е еден од коренестите зеленчуци кој е препознатлив по темноцрвената боја и слаткиот вкус. Богат е со хранливи материи неопходни за здравје и младешки изглед како што се железо, фолна киселина, јод, сулфур, манган, калиум, бакар, магнезиум, фосфор, витамини Ц и Б6. Додека од една страна цвеклото е богато со хранливи материи и антиоксиданти, од друга е и нискокалорично.
Во народната медицина се користи за лекување на анемија, спречување на воспаленија, намалување на крвниот притисок, заштита од тумори, зајакнување на имунитетот и структурата на коските и зајакнување на видот и либидото.
Поздраво е она цвекло со потемна боја и долгнавеста форма. По долготрајно внесување на цвекло во поголеми количини, може да настанат одредени здравствени проблеми, како чувство на тежина во желудникот и тегоби со варењето.
Треба да се напомене дека при консумирање на цвекло, урината и столицата добиваат црвеникава боја, што е сосема нормално.
Готвеното цвекло не е лековито. За лекување, се консумира исклучиво сурово.
Рецептот за смути од цвекло за чистење на организмот ќе најдете на порталот „Арт кујна“.