ОД ДЕНЕСКА ДОЖД Температурата ќе достигне до 12 степени
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 0 степени, а дневните од 4 до 12 степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.