ОД ДЕНЕСKA „GLEY“ ТЕЛЕВИЗИЈА НАМЕСТО НЕТФЛИКС Македонски пандан се појави на пазарот (ФОТО)

„Целата програма е на македонски и албански јазик. До програмите ќе се пристапува лесно, примарно преку смарт-телевизор LG, Samsung и андроид ТВ, на мобилните уреди, на лаптопи и таблети. Оваа платформа може да се гледа со три нивоа на месечна претплата: Basic претплата од 299 денари месечно и ќе може да биде приклучен еден уред, Standard од 399 денари со два приклучени уреди истовремено и Family по цена од 499 денари со четири приклучени уреди истовремено“, вели Петрушевски.

10,541

Македонска тв-платформа, пандан на Нетфликс под името „ГЛЕЈ“ (GLEY) од денеска ќе биде достапна во нашата земја, со пакети од 300 до 500 денари месечно, комплетно обработена со преводи на македонски и на албански јазик, а ако се регистрирате до 31-ви месецов компанијата ви нуди бесплатни 30 дена да го искусите сервисот. Најдоброто нешто? Нема обрзувачки договори и можете да го откажете кога сакате, пишува Иновативност.

Дел од богатата филмска програма на оваа „ГЛЕЈ“ се и домашните серии „Фамилија Марковски“, „На терапија“, „Преспав“, „Беса“, хрватската серија „Црнобјели свет“, крими серијата „Тајкун“, „Клан“, филмовите „Трето полувреме“, „Џган“ …






Дарко Перушевски, извршен директор на „Свод Мастер ДОО“ и основач на платформата истакна дека со „ГЛЕЈ“ нашата држава го фаќа светскиот тренд на развој на глобални, регионални и локални стриминг платформи. Тој посочи дека „ГЛЕЈ“ не е обична видеотека, туку има поширока мисија – поддршка на македонската продукција.

фото: твитер

– Целата програма е локализирана комплетно на македонски и албански јазик. До програмите ќе се пристапува лесно, примарно преку смарт-телевизор LG, Samsung и андроид ТВ, на мобилните уреди, на лаптопи и таблети. Оваа платформа може да се гледа со три нивоа на месечна претплата: Basic претплата од 299 денари месечно и ќе може да биде приклучен еден уред, Standard од 399 денари со два приклучени уреди истовремено и Family по цена од 499 денари со четири приклучени уреди истовремено – вели Петрушевски.

Перушевски истакна дека гледачот на оваа платформа сам си бира од програмата што, кога, колку и каде ќе гледа – во дневна соба на телевизор, на мобилен уред, лаптоп итн. Тој информира дека во моментот кон платформата можат да пристапуваат и граѓани надвор од државата, но понудата за гледање за нив е многу мала.

Сепак наскоро се очекува нејзино збогатување и поголема понуда за иселениците во дијаспората.

Поврзани содржини