ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК РУСКОТО ОРУЖЈЕ СЕ ПРЕФРЛА НА ЗАПАДНИОТ ФРОНТ Два баталјона опремени со С-400 упатени кон Белорусија

Министерството за одбрана соопштува дека два баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов  со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток

1,064

Русија испраќа два баталјона ракетни системи земја-воздух С-400 во Белорусија. Вооружувањето се испраќа во рамките на воените вежби што ќе се одржат следниот месец, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана соопштува дека два баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток






Официјална Москва најави дека во Белорусија ќе бидат распоредени и 12 борбени авиони „Су-35“ и еден ракетен систем „Панцир“.

Руските воени сили и опрема неделава почнаа да пристигнуваат во Белорусија за учество во воената вежба „Сојузничка одлучност“, што ќе се одржи во близина на западната граница на Белорусија со членките на НАТО – Полска и Литванија, и во близина на нејзиното јужно крило со Украина.

Поврзани содржини