ОД АВТОМОБИЛ, ДИРЕКТНО ЗАД РЕШЕТКИ! Возел со 96 км на час на место каде што е дозволено 40
Полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода лицето М.М., на возраст од 42 години.
Кавадарчанец со „мерцедес“ возел со 96 километри на час на место каде ограничувањето на брзината е четириесет километри на час.
Како што попладнево информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:25 часот на улица „Западен булевар“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода лицето М.М., на возраст од 42 години.
– При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 96 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час, информираа од МВР.