🎥 ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА „ЛЕТААТ“ 371 ЛИЦЕ! Градоначалникот открива масовни злоупотреби, особено во „Комунална хигеина“
Биле ангажирани возила изминатиов период за чистење во „Комунална хигиена“, и тие возила се плаќани на име на физички лица како интелектуални услуги, во износ од 5 до 10.000 евра, рече Орце Ѓорѓиевски и ги повика надлежните служби да покренат истрага.
Во моменетов отстранети од работа од јавните претпријатија се вкупно 371 лице, кои што или не оделе на работа, или пак вршеле злоупотреба на своето работно место, а сето тоа го плаќале граѓаните. Тие активности ќе продолжат и во наредните денови и за сето тоа ќе бидете дополнително информирани – изјави вечерва градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
– Има една информација која стигна вечерва до мене, а поткрепена со документи и ги повикувам надлеѓните институции да постапуваат, а тоа е дека биле ангажирани возила изминатиов период за чистење во „Комунална хигиена“, и тие возила се плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра, така што повикувам да се вклучат институциите надлежни за ова и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во „Комунална хигиена“ – рече Ѓорѓиевски.