ОД АВГАНИСТАН ДОАЃААТ УШТЕ 200 АКТИВИСТИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ До владата е доставено барање за нивно прифаќање

Вчера владата информира дека е побарано од повеќе меѓународни организации во земјава да се прифатат околу 200 активисти и членови на нивните семејства од Авганистан.

1,571

Американскиот Национален демократски институт побарал во змејава да се сместат 200 негови активисти и членови на нивни семејства кои биле во Авганистан, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Осман.

Вчера владата информира дека е побарано од повеќе меѓународни организации, во земјава да се прифатат 186 активисти и членови на нивните семејства од Авганистан. Бројката која денеска ја кажа министерот за надворешни работи се однесува на дополнителни 200 луѓе.






– Овие списоци ги третираат министерствата кои се задолжени за тоа и ќе се одговори согласно прописите на тоа. Оние што ќе бидат прифатени ќе бидат сместени во одредени сместувачки капацитети кои прифаќаат кај нив да бидат сместени овие луѓе а ќе ги определи владата. Трошоците ќе бидат покриени – рече Османи.

Тој рече дека не се знае кога тие ќе пристигнат во земјава, и под какви здравствени услови ќе се третираат, но изјави дека е можно дел од нив да одат и во карантин.

 

 

Поврзани содржини