ОД ЈАНУАРИ ИЗВОДИТЕ ЗА БЕБИЊАТА ЌЕ СТАСУВААТ ВО БОЛНИЦА ЗА 48 ЧАСА Проектот е-бебе станува реалност
Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.
Од јануари 2026 година треба да профункционира проектот е-бебе што значи дека ќе се врши автоматизирано пријавување на новороденчињата, а родителите првиот извод ќе го добиваат во болница во рок од 48 часа.
Министерството за дигитална трансформација од почетокот на годинава, формираше работна група помеѓу повеќе институции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња.
Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.
Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето. Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.
Ова е предизборно ветување на Владата предводена од Христијан Мицкоски.