Од 50.000 до 750.000 евра по општина за енергетско-ефикасни проекти

Министерството за финансии го распиша огласот за распределба на парите од заемот од Зветска банка за енерегетско-ефикасни проекти.

531

Министерството за финансии објави јавен повик до општините за користење пари за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти. Одобрен е фонд од 10,5 милиони евра, од кредитот на Светска банка наменет за реализирање на државниот Проект за енергетска ефикасност во износ од 25.000.000 евра.

Висината на заемот за една локална самоуправа може да варира од 50.000 до 750.000 евра и истата зависи од слободниот капацитет за задолжување на општината и проценетата вредност на предложениот општински проект.

Со потпишување договор со Министерството за финансии, 80% од овие средства општината ќе ги добие како подзаем, додека, пак, останатите 20% како грант.

Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени за реализација на проектот, ќе бидат покриени и трошоците за подготовка на енергетска ревизија и за техничка документација за проектите.

Вкупната вредност на Проектот за енергетска ефикасност е 25 милиони евра, при што дел од овие средства се наменети за енергетски ефикасни инвестиции во објекти на централната власт, на здравствениот сектор, како и за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност.

Поврзани содржини