ОД 5 АПРИЛ ДОМАТИТЕ ЌЕ ЧИНАТ 70 ДЕНАРИ, ПИПЕРОТ 90, ПОРТОКАЛИТЕ 55… Владата замрзнува 11 производи за кои претходно маржите стигнувале и до 250 отсто

За изјавите од претставници на бизнис секторот, ги повикувам на телевизија да ги дискутираме табелите кои и тие ги имаат. Ако мислат дека маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да го дозволат, порача Бектеши.

3,043

Владата денеска ја донесе Одлуката со која од 5 април сè до крајот на месецот се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот  55 денари.

Министерот за економија, Крешник Бектеши ги повика трговците да ги почитуваат одлуките, а во спротивно да ги соочат ставовите на телевизиска дебата.






– За изјавите од претставници на бизнис секторот, ги повикувам на телевизија да ги дискутираме табелите кои и тие ги имаат. Ако мислат дека маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да го дозволат – порача Бектеши.

Министерот увери дека цените се стабилни и имаат надолен тренд, но рече дека за тоа треба да се причекаат податоците од Државниот завод за статистика кои треба да се објават на 7 април.

Според него, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат.

Министерот уште еднаш повтори дека мерките може да продолжат и во следните месеци доколку се процени дека за нив има потреба.

Поврзани содржини