Министерството за здравство инфомира дека во последните 24 часа од коронавирус, се починати 20 лица. Најмладиот има 36 години, битката со коронавирусот ја изуби и пациент на 38 години.
Црниот биланс е тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75), двајца од Куманово (85 и 62), еден пациент од Штип (53), двајца од Прилеп (38 и 46), двајца од Тетово (36 и 55), еден од Битола (79) и еден од Охрид (74), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65), еден од Крива Паланка (67) и еден пациент од Крушево (54).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупниот број на починати лица од почетокот на пандемијата е 1.156.