Административците се враќаат на сатарото работно време од 8 до 16 часот. Оваа одлука денеска помина на владината седница.
– Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 7.30 до 15.30 и од 8.30 до 16.30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 8.00 до 16.00 часот.