ОД 1 ЈАНУАРИ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ, АМА ВО БЕЛГРАД Нема веќе дневни, месечни или годишни автобуски билети
Градоначалникот на српската престолнина Белград, Александар Шапиќ, најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година.
– Од 1 јануари 2025 година, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема повеќе месечни, годишни или попусти – објави Шапиќ на прес-конференција.
Тој рече дека со таа социјална мерка Белград ќе биде единствениот град во Европа со повеќе од половина милион жители каде што јавниот превоз е бесплатен.