ОЧЕКУВАМ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДА ЗАПОЧНАТ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА Мицкоски порача дека источниот сосед се однесува хегемонистички

Ние ги споделуваме тие вредности со ЕУ и навистина ова е крајно време ЕУ на дело да ги покаже своите вредности и да ги напушти оние хегемонистички барања на нашиот источен сосед коишто немаат никаква врска со европските вредности, туку тоа се едни барања коишто се можеби соодветни за 2-3 века во минатото, а не за два или три века во иднината, порача Мицкоски.

1,291

Очекувам земјата да ги започне преговорите со ЕУ за нешто повеќе од една недела од денеска, затоа што тоа го заслужи не само поради реформите, туку едноставно, поради сето она што го направија македонскиот граѓанин и Македонија заслужија да има почеток на преговорите, изјави денеска во Штип лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Ние ги споделуваме тие вредности со ЕУ и навистина ова е крајно време ЕУ на дело да ги покаже своите вредности и да ги напушти оние хегемонистички барања на нашиот источен сосед коишто немаат никаква врска со европските вредности, туку тоа се едни барања коишто се можеби соодветни за 2-3 века во минатото, а не за два или три века во иднината – порача Мицкоски.






Прашан дали опстојувањето на сегашната Влада зависи од почетокот на преговорите, Мицкоски одговори дека „векот на оваа Влада зависи од тоа колку побргу ќе се вразумат дека во суштина се нефункционални“. Според него, решението е во „брзи избори час поскоро“, со цел „државата и граѓаните да излезат од оваа политичка, економска и енергетска криза“.

Мицкоски оцени дека влегувањето на Алтернатива во парламентарното мнозинство и во Владата е „последниот чин на обидот за уништување на Македонија во режија на Зоран Заев и СДСМ“.

Поврзани содржини