ПРИЈАТЕЛ МЕ СПАСИ ДА НЕ БИДАМ ПОВРЕДЕНА! Пејачката Елена Ристеска потврди дека напаѓачот била жена, но немало ќотек

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас, бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, вели Ристеска во објавата.

978

Познатата македонска поп-пејачка Елена Ристеска се огласи на социјалните мрежи и потврди дека била нападната од жена пред познат скопски ноќен клуб. Елена е добро и нема повреди.

Таа на Фејсбук и Инстаграм сподели дека била излезена со пријатели во клубот. Жената напаѓач сосема неочекувано се обидела да ја удри со тврд предмет по главата. Ристеска негира дека била повредена. Вели дека имала среќа што пред неа стоел нејзин пријател, кој прв забележал дека жената сака да ја нападне.






„Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го реши случајот. Очекувам поддршка од сите вас, бидејќи ова ми се случи без причина и без повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера,  градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, вели пејачката.

Информацијата за нападот на пејачката Ристеска беше потврдена во билтенот на МВР. Како што соопшти МВР, Ристеска нападот го пријавила во полиција во 02.30 часот.

Од МВР не соопштија детали од инцидентот, но велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЕЛЕНА РИСТЕСКА ДОБИЛА ЌОТЕК ОД ЖЕНА ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ЦЕНТАР Полицијата го потврди инцидентот и работи на негово расчистување

Поврзани содржини