ОЧЕКУВА СМЕНА НА ПОЛОВИНА ОД МИНИСТРИТЕ ВО ВЛАДАТА Вучиќ вели дека ќе ги исполни барањата на студентите

Српскиот лидер додаде дека денеска се објавени дополнителни 925 документи, а објавувањето на останатите документи, според 24. точки од Градежниот факултет, сè уште е во тек. Зборувајќи за документацијата која вклучува договори со изведувачи и подизведувачи, рече дека тие не биле означени како тајни и дека не му е јасно зошто Владата веднаш не ги објавила.

789

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање пред новинарите од Палата „Србија“ најави дека во следните неколку дена ќе бидат исполнети сите студентски барања, од објавувањето на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, која е во сопственост на државата, до помилување на активистите уапсени за време на протестот.

Вучиќ, исто така, рече дека бара „најитна и голема“ реконструкција на Владата на Србија и оти очекува да бидат сменети повеќе од половината од досегашните министри, додавајќи дека станало јасно кои членови на владата се подготвени да се борат и да работат, а кои не.






Српскиот лидер додаде дека денеска се објавени дополнителни 925 документи, а објавувањето на останатите документи, според 24. точки од Градежниот факултет, сè уште е во тек. Зборувајќи за документацијата која вклучува договори со изведувачи и подизведувачи, рече дека тие не биле означени како тајни и дека не му е јасно зошто Владата веднаш не ги објавила.

Тој изјави дека смета дека за реконструкцијата на железничката станица има вкупно 82 подизведувачи и дека до утре ќе бидат објавени договорите потпишани со нив.

Српскиот претседател денеска изјави дека разговарал со претставниците на Владата и оти заклучиле дека се грижат да ја слушнат другата страна, дека сакаат дијалог и разговор, наведувајќи дека актуелната ситуација во Србија никому не му одговара.

Српскиот претседател рече дека по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се слушале разни обвинувања против државните органи, повици за уривање на државата, како и неодговорни изјави и дека се создала атмосфера што не е од корист за никого во Србија.

– Во тие три месеци дадовме сè од себе да покажеме емпатија и помош на семејствата кои тоа го побараа, се обидовме да ги утврдиме причините за трагедијата. Обвинителството поднесе 13 обвиненија против одговорните лица, исто толку колку што донесе една Турција за 80 мртви во голем пожар – рече Вучиќ.

Тој додаде дека пред неколку дена побарал од претставниците на Владата конечно да му кажат на што инсистира другата страна.

Падот на бетонската натстрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година резултираше со смртта на 15 лица.

 

Поврзани содржини