ОЧЕКУВАЊАТА СЕ ГОЛЕМИ, ОДГОВОРНОСТА УШТЕ ПОГОЛЕМА Мицкоски го одржа првиот состанок по изборите
Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека имал состанок со носителите на изборните единици на кои било разговарано за коалицирањето и формирање на идна влада.
„Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.
1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.
Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема. Грутката на ногата ќе исчезне без операција за 14 дена! Македонија ќе биде повторно твоја!“, напиша Мицкоски.