ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕГ Со отворени автомобили во битка со крадците (ВИДЕО)
На полициските службеници не им се допадна овој начин на одвраќање на провалниците и ги советуваат возачите да не го прават тоа.
Кражбите на автомобили во американската сојузна држава Калифорнија се толку чести што сопствениците на возила се одлучиле на очајнички потег – ја оставаат вратата од автомобилот отклучена, а вратата на багажникот ширум отворена.
Сопствениците на возила на овој начин сакаат да кажат дека во нивните автомобили нема вредни предмети, а ако крадците не им веруваат, можат сами да ѕирнат наместо да скршат брава или прозорец.
На полициските службеници не им се допадна овој начин на одвраќање на провалниците и ги советуваат возачите да не го прават тоа. Од полицијата велат дека на тој начин крадците можат со малку труд да ја отворат кабината во автомобилот и да украдат важни документи.
Кражбите на возила годинава се зголемени за 32 отсто во регионот, а бројот на кражби низ државата е зголемен за 27 отсто.