ОБВРСКА НИ Е ДА БИДЕМЕ ПОУСПЕШНИ ОД ПОРАНО Максим Димитриевски ја честиташе Новата година

Зад нас ја оставаме 2024 година, ја испраќаме со носталгија, со надеж и со верба кон подобра и просперитетна 2025 година. Со меѓусебна почит и соработка, сплотени заедно да ги совладуваме предизвиците и поставените цели, да градиме стабилна и сигурна иднина, да бидеме инспирација за нашата младина, порача кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, во неговата честитка за Новата година.

88

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, во денешната новогодишна честитка до граѓаните повика на сплотеност и на соработка за остварување на поставените цели и проекти.

Димитриевски порачува да се реализираат нови идеи, поуспешни од претходните.






– Зад нас ја оставаме 2024 година, ја испраќаме со носталгија, со надеж и со верба кон подобра и просперитетна 2025 година. Со меѓусебна почит и соработка, сплотени заедно да ги совладуваме предизвиците и поставените цели, да градиме стабилна и сигурна иднина, да бидеме инспирација за нашата младина. Наша обврска е да менуваме, да реализираме нови идеи и проекти, да бидеме поуспешни од порано, да чекориме со победнички дух и со ентузијазам. Ви посакувам добро здравје, радост и благосостојба во вашите домови, годината, што доаѓа, нека биде успешна и плодна за сите граѓани. Среќни и бериќетни празници! – честиташе градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Поврзани содржини