ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕШТАЧИ ЧАУРИ И ПРЕГЛЕДУВА СНИМКИ Се испитува мотивот за престрелката во Чаир

Синоќа во престрелка во Чаир е убиен 35-годишниот Х.Б. од Скопје, а двајца се ранети, од кои еден потешко.

267

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени, соопшти Јавното обвинителство.

„Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица. Од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот. Се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините“, соопшти Обвинителството.






Синоќа во престрелка е убиен 35-годишниот Х.Б. од Скопје, а двајца се ранети, од кои еден потешко.

Полицијата уапси 4 лица.

Поврзани содржини