Обвинителството побара притвор за крадецот на икони во црквата Св.Петка Исконска

Вкупна вредност на иконите изнесува 61.500 денари.

404

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднесе обвинителен предлог против 42-годишен скопјанец, кој го сторил кривичното дело – „тешка кражба“ од член 236 став 1точка 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител предложи на Судот, на обвинетиот да му се определи мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот кражбата ја извршил на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, откако со тврд предмет го отвроил прозорецот и влегол во внатрешноста на црквата Св.Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот.

Поврзани содржини