ОБВИНИТЕЛСТВОТО КОНЕЧНО ДА СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕТО Ако Коцевски продолжи да молчи, ќе одговара, порачува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, СДСМ продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

87

Откако СДСМ признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, наместо да се извинат продолжуваат да ги штитат нарачателите, извршителите и организаторите на незаконското следење на претседателот Христијан Мицкоски, на новинари и на бизнисмени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски наместо да бидат повикани на одговорност, СДСМ и понатаму се труди со сите сили да ги заштити. СДСМ продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, СДСМ продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта“, соопшти партијата.






ЈО да не ги штити структурите на СДСМ и ДУИ и да почне да работи на сите предмети и афери кои се објавуваат во јавноста, порачува партијата.

„ЈО да не ги прикрива и молчи за аферите и покрај сите докази и да почне да делува по допрен глас. ЈО наместо да молчи и да соработува со СДСМ и со ДУИ, да се произнесе за случајот, а во спротивно е дел од политиканството и продолжение на незаконското работење, на криминалот и корупцијата. Доколку ЈО и Коцевски не почнат да работат во интерес на правото и правдата и продолжат да бидат неми набљудувачи на процесите, треба да знаат дека тоа нема да трае долго и ќе сносат одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини