ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ОЦЕНИ КАКО ЌЕ ПОСТАПУВА Спасовски вели дека случајот со Дрин Ахмети oд МВР се сели во ЈО

За конкретниот случај ние ги презедовме сите потребни активности од полициски аспект. Одземени се сите предмети кои беа најдени и е доставен поднесокот до Јавното обвинителство, кое ќе оцени за тоа како понатаму ќе се постапува во однос на целиот овој случај, рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање каков поднесок ќе има и за што ќе се товари Дрин Ахмети.

547

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на Дрин Ахмети од Зајас, внук на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, денеска изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство (ЈО) треба да оцени како ќе постапува со овој случај.

– За конкретниот случај ние ги презедовме сите потребни активности од полициски аспект. Одземени се сите предмети кои беа најдени и е доставен поднесокот до Јавното обвинителство(ЈО), кое ќе оцени за тоа како понатаму ќе се постапува во однос на целиот овој случај – рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање каков поднесок ќе има и за што ќе се товари Дрин Ахмети.






Спасовски нагласи дека МВР поднело известување до Јавното обвинителство во однос на сомненија поврзани со случајот.

– Треба да се земат предвид сите овие факти и докази кои се и на основа на тоа Јавното обвинителство ќе ги донесе одлуките  – појасни Спасовски при денешната посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

 

Поврзани содржини