Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката позитивна на Ковид-19

595

Охридското обвинителство информира декапо информациите во јавноста, отворило предмет по допрен глас за смртта на стружанката кај која било потврдено дека била позитивна на вирусот  Ковид-19.

– Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но  пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата. Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност., соопшто Обвинителството.

Поврзани содржини