ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА КАЖЕ КОЛКАВ ПРОЦЕНТ ЗЕЛЕ ЗАЕВ И КОВАЧЕВСКИ ОД ЗЕКИРИ Арсовски бара одговори за текот на парите во случајот „Македонски пошти“
Ова не е ништо новo, ваков криминал и корупција има на секој чекор во оваа влада. И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Дали е можно најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент, праша денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и за ова побара одговор од обвинителството.
– После Драги Рашковски, Мухамед Зекири. После Мухамед Зекири ќе видиме кој ќе е, но најверојатно и тој ќе биде по истиот терк, бидејќи таму бираат луѓе единствено кои што знаат да ја завршат домашната задача. Но, криминалната домашна задача, а не домашната задача за граѓаните. Второ прашање е дали и колку пари од овие кои ги зел Зекири завршиле во нечии други џебови како провизии. Сите знаеме, целата јавност знае дека нема тендер, нема матна зделка или коруптивна, каде што не се вмешани други луѓе од врвот на СДСМ. Дали и колку пари завршиле кај Зоран Заев, дали и колку пари завршиле кај Ковачевски? На ова треба да одговори обвинителството, а не веќе ден, два, три да молчи и да остане таму каде што е во моментов случајот – вели Арсовски.
Тој потсети на последниот случај каде што, како што вели, се гледа сериозен криминал, сериозно крадење на пари од страна на кумашинот на Зоран Заев, „поранешниот премиер и гуру на лоповите во Македонија“, односно Мухамед Зекири.
– Мухамед Зекири видовме преку медиумите дека без тендер во 4 очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии за рационализација и продажба на институција која што е под владата, Македонски пошти. Или како што и самите знаат да кажат тоа било семинарски труд. Македонски пошти е компанија која што свесно изминативе неколку години ја пропаднаа владата на СДСМ и ДУИ, таму вработените немаат пари да поделат плати, а Мухамед Зекири наместо тие еден милион евра кои ги ограбил или сакал да ги украде или кои ги зел парите на граѓаните, наместо да ги инвестира како влада во Македонски пошти и да помогне да профункционира таа институција, Мухамед Зекири како кумашин на Зоран Заев истите тие пари си ги присвоил за себе. Ова не е ништо новo, ваков криминал и корупција има на секој чекор во оваа влада. И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири. Ваков криминал сигурно има уште повеќе, но обвинителството треба што побрзо да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Мухамед Зекири – додаде Арсовски.