ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ, А ОДГОВОРНИТЕ ДА БИДАТ ПРОЦЕСУИРАНИ Александар Николоски за нелегалното прислушување

Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби, порача потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

406

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира одговорните за наводната злоупотреба на тајните служби, оценувајќи дека расчистувањето е клучно за демократијата.

„Во опозициските денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски. Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала. Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа! Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!“, напиша Николоски на Фејсбук.






Ваквата негова реакција следува по објавениот текст на Плусинфо: „ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВИЛМА РУСКОВСКА И НОВИНАРИТЕ ЛАНДОВ И ЗЛАТЕВ БИЛЕ ТАРГЕТИ Списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем“.

Плусинфо ги истражи првите неофицијални информации за тоа кои лица биле незаконски следени и прислушувани во периодот 2019-2024 година. Засегнатите зборуваат отворено, институциите засега молчат.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВИЛМА РУСКОВСКА И НОВИНАРИТЕ ЛАНДОВ И ЗЛАТЕВ БИЛЕ ТАРГЕТИ Списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

Поврзани содржини