Oбвинителството бара казни за 30 скопјани

354

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа – истакнуваат од Обвинителство.






Јавното обвинителство за сите обвинети предложи да бидат одредени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што една дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Поврзани содржини