ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА АДВОКАТСКАТА КОМОРА ДА ГО САНКЦИОНИРА ХАЈРУЛАХИ Некои обвинители се нашле навредени од негови изјави

Како поранешен шеф на Вишото скопско обвинителство, Хајрулахи учествиваше во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, каде изнесе мислења за состојбите во обвинителството.

767

Републичкото јавно обвинителство (ЈОРМ) денеска поднесе претставка до Адвокатската комора против адвокатот Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото скопско обвинителство, поради неговиот, како што се наведува во претставката, неетички јавен настап во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, објави порталот Мкд.мк.

„Ви укажуваме дека во споменатата емисија од страна на лице кое извршува функција адвокат беа изречени бројни клевети, лични навреди и невистини за одредени јавни обвинители, како и за состојбите во Јавното обвинителство, а со тоа е нанесена штета на угледот на јавнообвинителската институција во целина. Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи.






Затоа бараме Адвокатската комора да преземе мерки во рамките на своите надлежности, да се огради и да го повика на одговорност адвокатот Мустафа Хајрулахи, и со тоа да го заштити угледот на Јавното обвинителство, но и на адвокатурата од неговите неетички јавни настапи“, се наведува во претставката.

Поврзани содржини