ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ УТРЕ ЌЕ ПАДНЕ Нема дилеми како ќе гласа ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата

Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ - изјави Мицкоски.

3,307

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не откри како ќе гласа неговата партија во врска со интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ – изјави Мицкоски.






Собранието утре треба да расправа за разрешување на Коцевски откако Левица на 26 јуни ја поднесе интерепелација во Собранието.

Во образложението за интерепелацијата на Коцевски се наведува:

„Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје“.

Коцевски испрати писмо до пратениците во кое ги отфрли причините за интерпелација и наведе дека неговата смена е политички мотивирана.

Владата во февруари почна постапка за разрешување на обвинителот Коцевски, но ја сопре постапката по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Поврзани содржини