ОБВИНИТЕЛКАТА ВЕЛИ ДЕКА СТОЈАНЧЕ СЕ СТАВА ВО УЛОГА НА ЖРТВА Таа тврди дека нема докази дека Мартин ѝ се заканувал на Ивана

Доказите кои произлегуваат од електронската комуникација во завршен збор детаљно ќе ги елаборирам, оти немав можност досега да ги изведам пораките и тогаш јавноста ќе ја добие целосната јасна слика - рече обвинителката.

222

Oбвинителката Адела Бојчевиќ по денешното сведочење на обвинетиот Стојанче Јовановски рече дека за неа е очекувано тој да се стави во улога на жртва, наместо во улога на сторител.

– Тоа е очигледен обид да се избегне кривичната одговорност која му се става на товар, наспроти сите материјални и вербални докази што ги изведе Обвинителството. Јас од доказите изведував психолошки наод и мислење во однос на карактеристиките на личноста на Стојанче, каде е утврдено од страна на вешти лица дека тој има изразена манипулативност, тенденција кон искривување на вистината, во насока на себезаштита и префрлање на кривичната и каква било одговорност кон други лица, како и минимизирање на сопственото однесување и преземање на каква било одговорност. Ова не е моја субјективна проценка, јас ова детаљно ќе го елаборирам во завршниот збор и тоа ќе биде образложено за да добивање правилна и јасна фактичка состојба пред овој суд – рече Бојчевиќ по речиштето.

На прашање дали во телефонот има докази во врска со делот од денешниот исказ на Јовановски дека Мартин Саздов ѝ се заканувал на Ивана, обвинителката рече дека нема такви пораки.

– Нема докази дека во критичниот ден Мартин ја удрил. Доказите кои произлегуваат од електронската комуникација во завршен збор детаљно ќе ги елаборирам, оти немав можност досега да ги изведам пораките и тогаш јавноста ќе ја добие целосната јасна слика – рече обвинителката.

Поврзани содржини