ОБВИНЕТИ СЕ ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР, РАКОВОДНОТО ЛИЦЕ И ДЕЖУРНИОТ ДОКТОР Случајот со пожарот во тетовската модуларна болница влегува во судница
Предметот е со број К450/22 за тешки дела против општата сигурност. Сѐ уште не е определено кој судија ќе го води предметот, објави ТВ21.
Основниот суд во Тетово додели бројче на предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој избувна пред речиси една година и во кој живи изгореа 14 пациенти.
Предметот е со број К450/22 за тешки дела против општата сигурност. Сѐ уште не е определено кој судија ќе го води предметот, објави ТВ21.
Обвинети за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, според телевизијата, се поранешниот директор на тетовската болница, раководно лице во болницата и дежурниот доктор. Во пожарот во модуларната болница на 8 септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово.
Директорот и раководното лице се обвинети дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, а докторот дека не постапил според здравствени прописи во време на епидемија. Тетовската болница, се гони за двете кривични дела.
Во модуларната ковид болница во Тетово на денот на несреќата беа хоспитализирани 26 пациенти, од кои 14 загинаа, а 12 беа безбедно евакуирани. Од починатите 12 се пациенти и двајца роднини на пациенти.