Судот во Киев денеска донесе одлука за куќен притвор во траење од два месеци и забрана за обраќање до верниците за митрополитот Павел, игумен на манастирот Киевско-печерска лавра, кој е обвинет за поддршка на руската агресија врз Украина.
Претходно денеска, митрополитот Павел изјави дека му е доставено известување за поведување постапка поради сомневање дека тој е одговорен за поттикнување меѓуверска омраза и соработка со Русија. Тогаш членовите на Украинската агенција за безбедност извршија претрес во просториите во кои живее митрополитот. Украинската православна црква објави дека го поканиле и митрополитот на сослушување напладне по локално време.
Пред судот тој денеска изјави дека станува збор за „политички случај“ и никогаш не бил на страната на агресијата.
– Јас сум против агресија. Сега сум во Украина – ова е моја земја – вели митрополитот Павел.
Поглаварот на Киевско-печерската лавра рече дека сè што се случува во моментов е прогон на црквата.