ОБВИНЕНИЕТО ВИ Е ПРЕПИШАНО ОД СЛИЧНИ ПОЖАРИ ВО БРАЗИЛ, САД И РОМАНИЈА, ОРВЕЛ МОЖЕ ДА ВИ ПОЗАВИДИ Одбраната обвинува за конструкции и неточни квалификации во обвинителниот акт

Наместо вина, одбраната најави дека преку сведоци ќе докаже дека вработените во „Рубикон“ ноќта на пожарот дејствувале како пожарникари и медицински лица, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат што повеќе гости.

2,946

Александар Нацев е жртва на конструирано обвинение и тој во ниту еден момент не бил реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, како што го товари Јавното обвинителство во обвинението, рече денеска неговиот бранител Дејан Стојчев во воведните зборови на рочиштето за пожарот во дискотееката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени.

Со првиот обвинителен акт против него, рече адвокатот, му се ставаше на товар дека од септември 2022 годона до 16 март 2025 година дејствувал како одговорно лице, реален сопственик на „Рубикон секјурити солушнс“ и раководел со агенцијата заедно со обвинетиот сопственик и управител Јане Јачневски, а со интегрираното обвинение е сменето времето, па му се става на товар дека дејствувал од втората половина на 2024 до март 2025 година како реален сопственик, заедно со Јанчевски, а во име и на сметка на правното лице.






– Тоа се две различни времиња, а интервенцијата не е извршена случајно, затоа што застапникот на обвинението не може да докаже никаква поврзаност на Нацев со правното лице, освен што таму бил вработен. Работел во „Рубикон“ како консултант, како експерт од безбедноста. Според ЈО, тој требало да врши контрола на објектот, бројот на лицата, па и што се внесува внатре. Нацев не е сопственик во ниеден момент, а ЈО тврди дека тој ги повредил законските обврски од Законот за приватно обезбедување. Фактите покажуваат друго, обезбедувачите вечерта не биле задолжени да вршат проверка на безбедносната опрема, на сигурносните услови, исправност на влезовите и излезите и немале обрска да достават план за обезбедување. Планот за обезбедување е критична точка во обвинението. Но, според член 39 од Законот за приватно обезбедување, доколку агенција на јавен настан ангажира повеќе од 5 обезбедувачи, треба да изготви план за обезбедување и да го достави во МВР. Но, ова мора да се стави во корелација со вкупниот број на вработени во „Рубикон“, а тие се вкупно 3. Исто, прашање е дали настапот на ДНК е јавен настан, а ЈО тоа пропуштило да го утврди. Според Законот за јавни собири не се сметаат за јавни настаните во затворени простори. Неспорно е дека „Пулс“ дејствал со важечка лиценца каде настани имало секој викенд и овој настан е вообичаен настан на собирање – рече бранителот Стојчев.

Нема доказ за однос, комуникација, меѓу Нацев и сопственикот на Пулс и со обезбедувачите, па нејасно е како, според ЈО, обвинетиот требало да даде насоки и да изготви план за обезбедување, додаде адвокатот.

Немало писмен договор меѓу Нацев и „Пулс“. Ќе докажеме дека обвинението е неосновано. Нема чинидба или пропуштање на овој обвинет. Доказите се дека Нацев бил вработен, а не и реален соственик на „Рубикон“. Со ниедно дејстие или пропуштање не го предизвикал пожарот. Не може да се товари за преземање дејствија кои законки не бил должен да ги изврши. Обвинението е пишувано по урнек на обвиненијата на пожарите што се случија во клубови во Бразил, САД и во Романија, а во ниедно од овие обвиненија не се споменати припадниците на обезбедувањето – рече Стојчев.

Наместо вина, одбраната најави дека преку сведоци ќе докаже дека вработените во „Рубикон“ ноќта на пожарот дејствувале како пожарникари и медицински лица, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат што повеќе гости.

Александар Нацев со ниту едно свое дејствие или пропуштање не го предизвикал пожарот. Тој не може да се товари за непреземање дејствија кои законски или договорно не бил обврзан да ги преземе – заклучи одбраната.

Адвокатот на одбраната на Нацев додаде дополнување на листата на докази.

И обвинетиот Нацев, даде воведен збор:

– Девет месеци молчев и бев жртва на медиумски и јавен линч, спроведен преку различни квазиексперти и безбедносни аналфабети. Со неверување гледав како со неверојатна леснотија одново и одново беше рушена презумпцијата на мојата невиност, додека целиот период бев таргет на разни неосновани и политизирани клевети и навреди. Денес сите овде сме исправени пред брутално силување на Законот за приватно обезбедување, со цел одредени негови одредби да послужат како поткрепа на теоријата на случај која ја презентира ЈО. Пренасочувањето на одговорноста која ја имаат државните органи задолжени за превенција, надзор и контрола кон припадниите на обезбедуваето, е само уште еден чекор за префрлање на вината и малициозно толкувањее на одрдбите од Законот за привато обезбедување, Законот за полиција и Законот за експлизивни материи. Морам да констатирам дека дури еден Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата кнструкција. Токму затоа, во текот на ова судење ќе ги неутрализираме ваквите конструкции преку непобитни докази и околности, кои јавно ќе укажат на отсуството на каква било вина кај мене, или каква било т.н. каузална поврзаност со трагичниот настан за време на кој јас воопшто не бев присутен во земјата – рече Нацев.

Поврзани содржини