ОБВИНЕНИЕ ЗА ДВАЈЦАТА УБИЈЦИ НА КУЧЕТО ФЕЛИКС Може да добијат до 6 месеци затвор

Обвинителството денеска поднесе обвинение против две лица за кривичното дело  „убивање и мачење животни“, кои лани во ноември удираа куче со стап, а потоа го фрлија во контејнер.

171

Oсновното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид вознемиреноста што ја предизвика во јавноста видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал, a денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело  „убивање и мачење животни“, од член 233 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле, мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 7.1.2025 година“, соопшти Обвинителството.






Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во судот за двајцата обвинети.

Според член 233 од КЗ, тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до 6 месеци.

Поврзани содржини