ОБРАЗОВНИОТ ИНДЕКС НА БРИТАНСКАТА КРУНА Внуците на кралицата Елизабета го обелија образот
Додека нејзините деца и внуци постигнаа значајни резултати во академското образование и завршија во престижни училишта, Кралицата не посетувала традиционално училиште.
Иако има запознато многу политичари, филмски ѕвезди, успешни претприемачи, кралицата Елизабета никогаш не го положила академскиот испит. Taa немала време за формално образование, бидејќи морала да учи за монархијата уште од мала возраст.
Додека нејзините деца и внуци постигнаа значајни резултати во академското образование и завршиле престижни училишта, кралицата не посетувала традиционално училиште.
Но, според странските медиуми, таа се школувала дома со престижни и истакнати професори. Пред да наполни седум години, таа научила да чита, пишува, танцува и да свири на пијано. Најголемиот дел од детството, таа го поминала со дадилки, а нејзината мајка имала големо влијание врз нејзината ориентација кон христијанската религија.
Бидејќи формалното образование не било приоритет за нејзините родители, таа како девојче имала приватни часови за нејзините идни кралски должности, бидејќи морала да се подготви за улогата која ја чекала во иднина.
Таткото на кралицата не ги сакал училиштата, а нејзината мајка сметала дека е поважно нивната ќерка да се забавува, ова го открива професорката Кејт Вилијамс, авторка на книгата „Младата Елизабета“.
Со титулата, Елизабета исто така доби обврски кои ја спречувале да поминува доволно време со своите деца, но таа се потпирала на нејзиниот сопруг секогаш кога се носеле одлуки за нивното семејство.
Традицијата на домашно школување ја прекина нејзиниот син, принцот Чарлс, кој стана првиот наследник на британскиот престол кој посетувал Универзитет и заработил диплома. Од самиот почеток, сите имале големи очекувања за него, па поради тоа и бил под постојан надзор.
Кога наполнил осум години, кралицата и принцот Филип решиле да го продолжат неговото образование надвор од Палатата.
Во кралската лимузина, во 1957 година, тој бил донесен пред училиштето „Хил Хаус“ во Кнајтбриџс, бидејќи неговото семејство сметаше дека тој треба да порасне во што е можно понормална средина, исто како неговите врсници.
Меѓутоа, по само шест месеци, неговиот татко го префрлил во „Чем Скул“ во Хемпшир, каде што момчињата се подготвуваат за одење во интернат.
Чарлс никогаш не се сложувал на тоа место и секогаш беше несреќен. По завршувањето на училиштето, тој сакал да се запише во Итон, но сепак принцот Филип одлучил да го запише во шкотскиот „Гурдонстоун“, за да ги следи неговите стапки.
Студирањето во „Гурдонстоун“ за Чарлс бил предизвик, бидејќи таму учениците го започнуваат денот со трчање пред да појадуваат, а го завршуваат со ладен туш. Самиот тој признал дека таму научил што е самодисциплина и самоконтрола, како и дека го водел низ животот.
Додека на Чарлс не му се исполнила желбата за студирање во Итон, Вилијам и Хари имале можност да се школуваат таму. Вилијам брилијантно се снаоѓал со географија, историја на уметност и биологија, а дипломирал греографија на Универзитетот „Св. Ендрјус“ во Шкотска. Таму ја запозна и неговата сопруга Кејт, која пак дипломирала историја на уметност.
Тој се приклучил на Кралската воена академија „Сандхурст“ во 2006 година, каде што го стекнал чинот „втор поручник на коњаницата“. Децата на принцот Вилијам посетуваат приватно училиште кое е наменето за образование на деца од 4 до 13 години.
Хари, пак, избрал поинаков пат од неговиот брат. По дипломирањето на колеџот Итон, тој се запиша на воената академија во 2005 година и учествувал и во мировната мисија во во Авганистан, како пилот на воен хеликоптер, а ја напушти воената служба во 2015 година.
Кога станува збор за Меган Маркл, таа дипломирала театарски и меѓународни студии на „Северозападна школа за комуникација“, која се смета за престижен Универзитет во САД. Покрај тоа, таа била практикант во Амбасадата на САД во Буенос Ариес.