Додека трае изолацијата поради пандемијата на коронавирусот, бројни познати личности на социјалните мрежи покажуваат како го поминуваат времето во карантин. Една од нив е и актерката Хали Бери (53), која овојпат се најде во центарот на вниманието.
Актерката објави видео каде нејзиниот син Мацео Роберт (6) шета во чизми со високи потпетици.
„12. ден карантин“, напишала Хали во описот на видеото, кое го погледнале половина милион луѓе, а имало бројни коментари.
Следбениците на социјалната мрежа очигледно не биле воодушевени од нејзината шега, па Хали добила „куп“ критики.
„Очигледно не треба син ти да носи потпетици“, „Може да скрши нешто“ се само неколку од коментарите, но актерката им одговорила.
„Ова е безопасна забава. Се обидуваме да преживееме. Карантинот секој ден станува позабавен“, напишала таа.
На некои коментатори им пречел токму фактот дека станува збор за момче на високи потпетици.
„Јас на своите синови не им дозволувам да носат женска облека или да си играат со женски играчки“, „Дали е ова ќерка ти или син ти?“, продолжиле нејзините обожаватели да коментираат под видеото.