Припадник на специјалната единица „Тигри“ при МВР бил заразен со коронавирус, потврди МВР за Плусинфо.
Како што велат оттаму, тој се заразил дома, од неговата мајка.
– Заразениот бил изолиран повеќе денови и не постоела опасност да ги зарази другите во единицата – тврди МВР поради што не се спроведува мерка на изолација кај другите припадници на „Тигрите“.