ОБНОВЕНО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ВО ПРИЛЕП Реконструкцијата чинеше речиси 200.000 евра
МОН информира дека реконструкцијата опфати дренажа и поврзување на атмосферската канализација, реконструкција на подовите во сите простории во училишната зграда со поставување линолеум, промена на осветлувањето и поставување лед светилки, санација на внатрешните ѕидови од влага и малтерисување, промена на азбестните плочи на дел од покривот со сендвич панели и поставување термоизолациска фасадна обвивка.
Во СОУ „Ѓорче Петров“ завршуваат градежните активности за реконструкција на училишната зграда, со средства од Министерството за образование и наука во износ од 12,6 милиони денари или приближно 200.000 евра.
МОН информира дека реконструкцијата опфати дренажа и поврзување на атмосферската канализација, реконструкција на подовите во сите простории во училишната зграда со поставување линолеум, промена на осветлувањето и поставување лед светилки, санација на внатрешните ѕидови од влага и малтерисување, промена на азбестните плочи на дел од покривот со сендвич панели и поставување термоизолациска фасадна обвивка.
„Ова средно училиште, познато по иновативните идеи, не било обновено уште од минатиот век, од изградбата во 1963 година. Министерството за образование и наука континуирано вложува во подобрување на условите во кои учениците се школуваат, како еден од предусловите за квалитетно образование“, соопштија од МОН.