(ОБНОВЕНО) ЛИФТ СО ЕКИПА НА БРЗА ПОМОШ ПАДНАЛ ВО ПОДРУМ ВО КИСЕЛА ВОДА Од ЦУК велат заглавените се извлечени и се повредени, а со нив немало пациент

Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот. Пациент немало, екипата била на констатација на смрт, соопшти ЦУК.

959

Паднал лифт во скопската населба Кисела Вода, а внатре во него останала заглавена екипа на Итната помош, велат од ЦУК.

Екипата на брзата помош во Кисела Вода била на констатација на смрт, а при симнувањето од зградата, лифтот паднал од приземје во подрум.






„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот. Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Екипата е извлечена од лифтот и имаат повреди“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Како што соопшти директорот на ЦУК, денеска во 11.22 часот на 112 добиле пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Се покажа дека во лифтот немало пациент наспроти претходните информации од ЦУК.

Поврзани содржини