ОБНОВЕНО Дете од скопска градинка позитивно на ковид-19
Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.
Прв случај на дете заразено со ковид-19 бил забележан во скопска градинка, а оваа информација ја потврди и Министерството за труд и социјална политика.
Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.
Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.
Во домашна изолација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.
Владата на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија ковид-19, на 9 септември 2020 година.
Оттогаш беа регистрирани три заразени вработени во градинки во Скопје, Битола и во Свети Николе.
Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.