Обновен споменикот „Солза на Роза“

609

Утринава целосно е обновен споменикота загинатите бугарски туристи кој вчера беше уништен од вандали. Споменикот е подигнат во чест на бугарските туристи кои животот го загубија во 2009 година кога потона бродот „Илинден“.

Градоначалникот на Охрида Константин Георгиевски информира дека по налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ поставиле нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“.






– Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувство и почитта за 15-темина бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот „Илинден“, на 5 септември 2009 година, напиша Георгиевски на Фесјбук.

Поврзани содржини