Облека детектира зараза со коронавирус ВИДЕО

Малите сензори толку се лесни и флексибилни што може да се вградат во било какава ткаенина, дури и во најтенката која се користи за производство на спортска облека, а издржливи се на перење со што може да имаат долготрајна примена.

852

Експертите од Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) развиле нов тип на лесни сензори кои би можеле да бидат вградени во облеката и веднаш да детектираат дали некој е заразен со коронавирусот или не.

Малите сензори толку се лесни и флексибилни што може да се вградат во било какава ткаенина, дури и во најтенката која се користи за производство на спортска облека, а издржливи се на перење со што може да имаат долготрајна примена.






Прототип на сензорите на кои работат научниците од МИТ, можно е да бидат вградени во самиот материјал, но и да се постават на материјалот и по потреба да се префрли на друга облека.

Сензорите можат да ги следат виталните знаи на тој што ја носи, како дишење, отчукувањето на срцето и температурата на телото и податоците да ги префрли на паметен телефон. Така лекарите можат да следат што се случува со пациентите и кога тие не се во близина и во случај на пандемија на коронавирусот, да го зачуваат своето здравје. Бидејќи сензорите во мајците покриваат покриваат голема површина на телото, лекарите можат да ги следат промените на температурата во одредени делови на телото на тој што ја носи.

На научниците цел им е паметните сензори да ги вградат во спортската облека, во облеката на пациентите во болниците, па дури и во оделата на астроанутите за да може да ги следат нивните витални знаци во време на вселенска мисија.

Сега работат на развој на прототип и во преговори се со кинески произведувачи кои таквите сензори би можеле да ги произведуваат во поголема количина.

Поврзани содржини