ОБЛЕЧЕТЕ СЕ АКО ИЗЛЕГУВАТЕ ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРОСЛАВИ, НО НЕ ВИ ТРЕБА ЧАДОР Времето ќе биде суво и стабилно

Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието, ќе дува засилен претежно северен ветар.

180

Времето вечер на новогодишната ноќ ќе биде стабилно, суво и претежно тивко. Такво време, според УХМР, нѐ очекува и во првите денови од новата година, до петок.

Утринските температури ќе бидат пониски, а по котлините ќе има услови за појава на магла.






Од петокот ноќта кон саботата, од запад ќе започнат снежни врнежи на планините, а во останатите предели ќе има врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег.

Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието, ќе дува засилен претежно северен ветар.

Денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени Целзиусови.

Времето во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала облачност.

Поврзани содржини