ОБЛЕЧЕТЕ ЈАКНА И ЅИВРИ Преку ден ќе има сонце со заби

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

529

Денеска нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветар.






Минималните утрински температури ќе изнесуваат од -3 степени Целзиусови до 2 степени Целзиусови, а дневните максимални температури ќе се движат меѓу 9 и 14 степени Целзиусиови.

Во Скопје претпладне, во делови од котлината, ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Температурата во Скопје ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови.

Поврзани содржини