ОБЛАЧНО И СТУДЕНО Температура до 5 степени

Во Скопје облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

51

Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 5 степени.






Во Скопје облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа и во наредните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

Поврзани содржини