Обид за убиство во Oпштина Карпош, мотивот е љубовен триаголник
Полицијата го испитува случајот, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев доделил отказни решенија на две лица, напаѓачот и жената, ангажирани со договор на дело.
Вработен во скопската општина Карпош вчера нападнал со нож сопруг на вработена во Општина Карпош. Едно лице завршило во градската болница „8 Септември“. Интервенирала и полицијата.
Полицијата го испитува случајот, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев доделил отказни решенија на две лица, напаѓачот и жената, ангажирани со договор на дело.
Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека се работи за советници на општината, но Богоев информираше дека вмешаните во крвавата драма биле времено вработени во општинската администрација.
МВР информираше дека вчера во 11,30 часот по претходна расправија С.А. (34) со остар предмет му нанел повреда на В.К. (37), двајцата од Скопје.