„ОБИЧНО НЕ РЕАГИРАМ НА ГЛУПОСТИТЕ ОД БЕЛАТА КУЌА, НО ОВА ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР“ Обама му возврати на Трамп за обвинувањата за велепредавство

Канцеларијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, остро реагираше на изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го обвини својот претходник дека стои зад наводен државен уда“ и за велепредавство, тврдејќи дека разузнавачките служби измислиле докази за руско мешање во изборите во 2016 година во корист на Трамп.

730

Поранешниот претседател на САД, Барaк Обама, го прекина молкот во врска со повиците од Доналд Трамп за негово гонење, цврсто отфрлајќи ги обвинувањата на својот наследник дека наводно се обидел да организира „државен удар“ по победата на Трамп на изборите во 2016 година, преку „измислување“ докази за руско мешање, објави британски Гардијан.

Канцеларијата на Обама презеде невообичаен чекор со остро демантирање, откако Трамп изјави пред новинарите дека неговиот претходник се обидел да предводи државен удар против него и дека бил виновен за велепредавство поради разузнавачките извештаи според кои Русија интервенирала за да му помогне на Трамп да ја победи Хилари Клинтон.






„Од почит кон институцијата на претседателството, нашата канцеларија обично не реагира на постојаните глупости и дезинформации што доаѓаат од оваа Белата куќа. Но, овие тврдења се доволно скандалозни за да заслужат одговор. Овие бизарни обвинувања се апсурдни и слаба игра за одвлекување на вниманието“, се вели во соопштението.

Во соопштението понатаму се критикуваат наводите содржани во 11-страничен документ, објавен минатата недела од директорката на националната разузнавачка служба, Талси Габард, која тврди дека доставила „докази за велепредавничка завера“ меѓу луѓе од тимот за национална безбедност на Обама до Министерството за правда и препорачала нивно гонење.

„Ништо во документот, објавен минатата недела, не ги поткопува широко прифатените заклучоци дека Русија се обидела да влијае врз претседателските избори во 2016 година, но не успеала да манипулира со самото гласање. Овие наоди беа потврдени и во извештајот на двопартиската сенатска комисија за разузнавање од 2020 година, под водство на тогашниот претседател Марко Рубио“, се наведува во реакцијата.

Реакцијата на Обама дојде откако Трамп упати низа обвинувања од Белата куќа додека се сретнуваше со претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос Млад, син на поранешниот автократски лидер, симнат од власт во народната револуција во 1986 година.

На прашање кој треба да биде главна цел на кривичната истрага препорачана во извештајот на Габард, Трамп изјави:
– Според она што го прочитав, а го прочитав речиси истото што и вие, тоа би бил претседателот Обама. Тој го започна сето тоа и Бајден беше со него. И Коми беше таму, и Клапер, целата таа група. Тоа беа и тие, но водачот на таа банда беше претседателот Обама, Барак Хусеин Обама. Сте чуле ли за него? Ова не е некаков доказ. Ова е нешто што личи на апсолутен, неоспорлив доказ дека Обама бил предавник, дека се обидел да изведе државен удар – со Хилари Клинтон, со сите други. Но, Обама го водел тоа. Тој е виновен. Ова беше велепредавство. Ова беше сѐ што можете да замислите. Сакаа да ги украдат изборите. Сакаа да ги замаглат резултатите. Направија работи што никој досега не ги замислил.

Трамп додаде дека Габард му кажала дека „има уште илјадници документи на пат“.

– Тоа е најневеројатна работа што сум ја прочитал. Па, видете го тоа, и престанете да зборувате за глупости – рече тој.

📽️ ТРАМП СО СНИМКА ГО НАЈАВИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ОБАМА Екс-шефот на САД фабрикувал факти за изборите во 2016 година?

Поврзани содржини